16 декември 2024

Како да се пуштат реклами што ќе дадат резултати | Приказна на партнерот на SOLARGROUP — Сергеј Мазин

16 декември 2024

Дознајте нешто повеќе за уникатните проекти на SOLARGROUP:

❗️„Цепелини од новата генерација“
❗️„Моторите на Дујунов“

Се викам Сергеј Мазин. Јас сум инвеститор и партнер на SOLARGROUP. Живеам во Русија, и немам универзитетска диплома 😊

Дознав за компанијата SOLARGROUP и за нејзиниот проект „Моторите на Дујунов“ во 2018 год. Еден пријател ме покани на вебинар. Во тоа време бев без работа, и барав начини да заработам нешто. Пријателот ми рече: „Ако навистина ти се допадне проектот, тогаш не само што можеш да инвестираш во него туку можеш да станеш и партнер, да го промовираш и така да заработуваш“. Се разбира дека ми се допадна оваа информација! Така почнав активно да го проучувам проектот.

Истражив доста работи, и присуствував на меѓународната конференција која се одржа во Москва во 2019 год. На тој начин се уверив дека тимот навистина сака да развива руски технологии, а исто така сфатив дека SOLARGROUP има огромен потенцијал.

За мене отсекогаш била најбитна комуникацијата во живо. Откако разговарав со Сергеј Семјонов и Павел Филипов на конференцијата, увидов дека се добри луѓе на кои може да им се верува.

Кога почнав да работам како партнер, во бек-офисот немаше толку материјали како сега. Немаше многу содржини. Морав сѐ да правам сам. Но, благодарение на тоа стекнав искуство што на крајот ми помогна да станам водечки партнер во компанијата, и да почнам да одржувам вебинари за други партнери.

Мислам дека брзо постигнав успех затоа што имав темелен пристап кон работата. Првите обиди обично не водат до резултати. Ми беа блокирани 10 профили на Facebook пред да научам како да пуштам реклами со кои конечно постигнав одлични резултати! Потоа решив да се посветам само на проектот на SOLARGROUP бидејќи ми носеше добра заработка. Сега имам партнерски статус „Професионалец“, и заработувам најмалку 2.500 $ месечно.

Би сакал да напоменам дека за да ги постигнете првите резултати во партнерските активности, треба да бидете креативни и да барате начини да создадете интерес.

Ако едноставно постирате нешто за проектот на вашата страница секој ден, тоа ќе го видат само нашите претплатници. Дури и ако направите одлични видеа за проектот, неопходно е да имате голем број на прегледи.

Но, ова се учи со текот на времето. Најважното нешто е да имате доверба во проектот. Треба да верувате во она што го правите, и резултатите нема да изостанат.

Исто така е многу важно партнерот добро да го проучи проектот за да го знае одговорот на прашањата од потенцијалните инвеститори. И, се разбира, треба да креира содржини, да споделува информации за проектот со пријателите, и да биде во тек со најновите вести и настани.

Ако го комбинирате сето ова, ќе станете успешен партнер на SOLARGROUP кој редовно остварува пасивен приход, верува во мисијата на проектот и знае зошто учествува во него.

Препорачувам новите партнери да почнат со делот „База на знаење“ до кој добивате пристап веднаш штом ќе го потпишете договорот за партнерство на веб-страницата на SOLARGROUP. Таму се наведени сите потребни активности кои ќе ве водат до реални резултати и до вашата прва заработка.

Не заборавајте дека SOLARGROUP е тим. Секогаш може да ми се обратите за помош, уверени дека сигурно ќе ви помогнам да постигнете резултати 🤝

Други приказни на партнери

Исто така прочитајте

Вклучете се во директниот пренос!

Да ги сумираме резултатите од годината со раководството на SOLARGROUP

18 декември 2024

Како да се инвестира со максимални поволности до крајот на фаза 19?

Дознајте нешто повеќе за тековните промоции во проектот

17 декември 2024