17 ноември 2022
Конференција на SOLARGROUP во Северна Македонија: главни збиднувања
17 ноември 2022
На 12 ноември, SOLARGROUP отвори национално претставништво во Северна Македонија и ја одржа својата прва конференција во земјата во Скопје.
На овој настан имаше околу 140 присутни: најактивните инвеститори и партнери, како и нови лица.
На присутните им се обратија:
• главните раководители на компанијата, Павел Филипов и Павел Шадскиј,
• националниот партнер во Северна Македонија, Васко Поповски,
• директорот на ASPP Weihai, Виктор Арестов, преку видеолинк.
Националниот партнер во Германија, Јохан Бучбах, и водечкиот партнер во Бугарија, Пламен Димитров, дојдоа да им дадат поддршка на своите колеги.
Гостите на конференцијата ги дознаа најновите вести за проектот и бројките поврзани со финансирањето, а имаа прилика и да ги видат моторите со комбинирани намотки и да слушнат за резултатите од развојот на проектот во разни земји. Од исто толкава важност беше и комуникацијата со главните раководители на SOLARGROUP, како и со другите учесници во проектот.
Претставниците на компанијата истакнаа дека меѓу учесниците на конференцијата има многу технички стручњаци кои се заинтересирани за обележјата и примената на технологијата „Славјанка“.
Во склоп на конференцијата беа одржани неколку деловни средби меѓу делгацијата на SOLARGROUP и претставници на локални фирми и државни институции. Подоцна ќе ве информираме за деталите од тие средби.
Треба да се напомене дека Северна Македонија стана 22. земја во светот во која SOLARGROUP отвори свое национално претставништво.
Најважните збиднувања од конференцијата се собрани во едно кратко видео и албум со фотографии кои се достапни на следниов линк.
Погледнете ги и споделете ги со партнерите!
Исто така прочитајте
Честитки за преминот на втората фаза од проектот „Цепелини од новата генерација“!
Што е постигнато и што претстои?
11 јули 2025
На 10 јули завршува првата фаза од проектот „Цепелини од новата генерација“!
Погледнете го видеото со детали
10 јули 2025
Искористете ја можноста да остварите профит: од 11 јули „Цепелини“ ја зголемуваат цената за акции!
Што е достапно на првата фаза?
9 јули 2025