20 март 2025
Чамец заснован на технологијата „Славјанка“ ќе биде претставен за првпат на еден од најголемите саеми на Балканот
20 март 2025
Од 3 до 7 април 2025 год., во Белград ќе се одржи 45. меѓународен саем за наутика. Саемот ќе биде посветен на различни видови пловни средства, како и опрема за лов, риболов, итн. Ова е еден од најголемите саеми од ваков вид на Балканот. Се очекува да присуствуваат околу 10.000 посетители, вклучувајќи и претставници на различни фирми, владини органи и индустриски организации.
На овој важен саем за првпат ќе биде претставен чамец на кој е применета технологијата „Славјанка“. Партнерите на SOLARGROUP од Македонија ќе прикажат кајче кое е опремено со иновативен бродски мотор од производственото претпријатие „Ресурс“, како и со соларни фолии.
Поканети сте да ѝ дадете поддршка на компанијата SOLARGROUP и на технологијата „Славјанка“ така што лично ќе присуствувате на овој саем и ќе го посетите нашиот штанд.
Може да дознаете нешто повеќе за саемот за наутика на официјалната веб-страница.
Меѓу експонатите на саемот за наутика ќе има јахти, моторни чамци, едреници, поморска и друга опрема од светски производители. Во рамките на саемот ќе се одржат настани посветени на екологијата на водните расурси, а традиционално ќе има и богата културна програма.
Со нашето присуство на овој настан, имаме можност да им ги претставиме нашите технологии на поширок круг потенцијални клиенти, и да воспоставиме понатамошна соработка со странски партнери.
Исто така прочитајте
Привлечете големи партнери и зајакнете го Вашиот тим со вештината „Лов“
Во бек-офисот е достапна нова можност
5 мај 2025
Цепелинот NOVA-2: работна средба на тимот на „АЕРОНОВА“
Најнови вести од канцеларијата
29 април 2025
Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“
Дознајте ги клучните новости за развојот на проектот
27 април 2025