2 април 2025
Зошто SOLARGROUP продолжува со финансирањето на проектот „Моторите на Дујунов“?
2 април 2025
Најважната задача е завршена — Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“ е изградено. Сепак, финансирањето на проектот е неопходно за да може претпријатието да биде пуштено во погон и за да може да се поддржи неговото работење во почетниот период додека не стане самоодржливо.
Секој инвестиран долар сега вреди злато бидејќи се претвора во материјален имот на „Совелмаш“. Се купува современа специјализирана опрема која ќе ѝ овозможи на компанијата не само да дизајнира електромотори туку и да произведува свои сопствени иновации. Тоа ќе придонесе бизнисот да тргне од многу појака почетна позиција од онаа што се очекуваше претходно. Сето ова им оди во прилог на инвеститорите кои ќе почнат да добиваат дивиденди порано.
Дмитриј Дујунов изјави: „Ги надминавме сите наши најсмели очекувања. Со проектот постигнавме многу повеќе од она што имавме намера да го оствариме во почетокот... Што се однесува до техничката опременост на претпријатието, можностите што ни ги нуди купената опрема далеку ги надминуваат почетните вредности. Благодарение на вас, претпријатието е одлично опремено, и тоа ни овозможува да постигнеме големи работи“.
Во 2025 год. се планира да започне производството на аголните брусилки и на електричниот погон за воздухоплови. Исто така, се надеваме дека до крајот на годината „Совелмаш“ ќе биде реорганизиран во акционерско друштво, и дека инвестициските удели ќе бидат претворени во акции.
Зошто се привлекуваат нови инвеститори наместо да се финансира проектот со отплаќањето на ратите за тековните пакети?
Ова би било возможно доколку инвеститорите би ги отплатиле ратите 100%. Меѓутоа, некои пакети на рати се откажуваат. Според статистиката, тоа обично изнесува 20%.
Освен тоа, купувањето пакети од нови инвеститори со попустот од завршната фаза им користи на инвеститорите што купувале удели во претходните фази. Исто така, им користи и затворањето на можноста за обнова на откажаните пакети. Сите овие мерки дејствуваат против разводнувањето на вредноста на уделите.
SOLARGROUP прави сѐ во интерес на инвеститорите, и затоа продолжуваме со финансирањето и со привлекувањето нови учесници во проектот во завршната фаза.
Исто така прочитајте
Честитки за преминот на втората фаза од проектот „Цепелини од новата генерација“!
Што е постигнато и што претстои?
11 јули 2025
„АЕРОНОВА“ денес: како помина работниот состанок на неделата
Да дознаеме повеќе детали!
10 јули 2025
На 10 јули завршува првата фаза од проектот „Цепелини од новата генерација“!
Погледнете го видеото со детали
10 јули 2025