3 февруари 2025
Зошто сега е особено важно да го отплатите во целост пакетот што сте го купиле на рати?
3 февруари 2025
Со почетокот на завршната фаза од финансирањето на проекот „Моторите на Дујунов“, беше затворена можноста за обнова на отплаќањата на рати. Според тоа, доколку го прекинете отплаќањето на пакет купен на рати, повеќе нема да имате можност да го обновите.
Кога ќе се прекине отплаќањето на рати, губите прилично голем дел од уделите во пакетот, бидејќи тие се добиваат дури откако ќе биде уплатена последната рата. Да наведеме еден пример.
• Во завршната фаза сте купиле пакет од 1.000 $ за да го отплаќате на 10 месечни рати.
• Вкупниот број на удели во пакетот изнесува 34.000.
• Откако ќе уплатите 9 месечни рати, ќе Ви бидат доделени 20.700 удели.
• Преостанатите 13.300 удели ќе Ви бидат доделени откако ќе ја уплатите последната месечна рата.
Доколку се прекине отплаќањето, ќе ги изгубите и бонусите од промоциите бидејќи тие се доделуваат на крајот, кога ќе ја извршите последната уплата.
НЕ дозволувајте отплаќањето на рати да се прекине: уплаќајте ги месечните рати навреме! Може да го видите распоредот за плаќање во бек-офисот кога купувате пакет или во делот „Мои инвестиции“.
Ние го потсетуваме секој инвеститор со имејл дека наближува денот за уплата на ратата. Но, за да не пропуштите да ја извршите, ставете си потсетник на Вашиот календар или извршете уплата сега.
Уплатете ги сите рати навреме, бидејќи од тоа лично Вие ќе имате најголема корист!
Исто така прочитајте
До почетокот на Dubai Airshow остануваат 30 дена! АЕРОНОВА ве очекува во Дубаи!
Добијте промо-код за бесплатна влезница
17 октомври 2025
Посетете го главниот авио-салон во Дубаи — заедно со SOLARGROUP!
Дознајте како да добиете покана за Dubai Airshow 2025
16 октомври 2025
Експлоатација на реткоземни метали: како цепелините од новата генерација ги менуваат правилата на играта
Погледнете го новото издание на подкастот!
14 октомври 2025