4 април 2025
Рејтинг на инвеститори и удели по проекти: што е ново во бек-офисот?
4 април 2025
За да Ви го олесниме користењето на инвеститорската платформа на SOLARGROUP откако ја проширивме на два проекта, направивме низа промени.
• Сега можете да го видите бројот на Вашите удели во секој проект. Претходно не се гледаше бројот на удели во проектот „Цепелини од новата генерација“. Сега може да ги видите Вашите удели на Почетната страница, како и во делот „Мои инвестиции“ кој сега е достапен во главното мени. Таму може да најдете информации за отплатените пакети и за активните отплаќања на рати.
• За секој поединечен проект имплементиравме посебен рејтинг за инвеститори и партнери. На Почетната страница, може да ги видите извршените ивестирања и процентот на удели што сте го добиле од нивниот вкупен број. Ако сте партнер, исто така ќе видите каде сте рангирани според вкупниот обем на Вашата структура и според обемот во првото ниво од структурата во секој поединечен проект.
• Направивме промени и во приказот на активните пакети на Почетната страница. Сега тој е визуелно помал.
• Ја отстранивме функцијата за документирање удели. Сега нема потреба да се документираат уделите — штом ќе ги платите, тие се веќе Ваша сопственост. Доколку сакате да добиете електронски сертификат за платените удели или извод за уделите, може да го креирате во делот „Мои инвестиции“. Сега оваа опција ја имаат и инвеститорите во проектот „Цепелини од новата генерација“.
• Го подобривме и подделот „Аналитика“ во делот „За партнери“. Сега може да изберете да ја погледнете статистиката за секој проект одделно или и за двата истовремено.
Секогаш можете да ни испраќате идеи и предлози за подобрување на бек-офисот во делот „Поддршка“.
Исто така прочитајте
Привлечете големи партнери и зајакнете го Вашиот тим со вештината „Лов“
Во бек-офисот е достапна нова можност
5 мај 2025
Цепелинот NOVA-2: работна средба на тимот на „АЕРОНОВА“
Најнови вести од канцеларијата
29 април 2025
Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“
Дознајте ги клучните новости за развојот на проектот
27 април 2025