12 декември 2024

Тестираме стратосферски балон за долг лет заедно со Московскиот државен технички универзитет „Бауман“

12 декември 2024

Дознајте кој и како ќе конструира цепелини во Русија.

Проектот „Цепелини од новата генерација“ и Московскиот државен технички универзитет „Бауман“ иницираа дизајнирање на стратосферски балон за долг лет по нарачка на компанијата „АЕРОНОВА“. Универзитетот „Бауман“ ја разви постапката на заварување и го купи материјалот, а ние ги изготвивме и ги договоривме техничките спецификации на овој уред. Нашите стручњаци, вклучувајќи го и главниот научен соработник на компанијата „АЕРОНОВА“, Дмитриј Хмел, веќе подолго време тесно соработуваат со стручњаците од Московскиот државен универзитет „Бауман“. Во првата фаза овој заеднички проект, ќе бидат изработени два уреда. Првиот може да го видите на фотографијата: овде е свртен наопаку бидејќи е исполнет со воздух, а не со хелиум. Ова е системот за кревање на кој одоздола ќе се прицврсти систем за балансирање кој ќе спречи уредот да се крене високо и да пукне. Тој треба да лебди на одредена проектирана висина. Ќе биде додаден и поедноставен товар кој го дизајнираа стручњаците од универзитетот, и кој ќе овозможи телеметриско снимање, како и фотографирање и снимање на летот.

Ако сѐ оди според планот, лансирањето на ова летало ќе се изврши недалеку од Москва во рок од една седмица! Пресметаната траекторија ќе поминува преку Монголија кон Чукотка. Целта е да се тестираат воздухот и гасот, балансирањето и другите системи за да може во наредните седмици да се лансираат понапредни уреди кои ќе влезат во струите на стратосферскиот прстен и ќе го заобиколат светот. Другото лансирање ќе се изврши од локација северозападно од Мурманск. Ако и двете тестирања се успешни, тогаш ќе следи комерцијална сателитска низа на слични уреди. Корисниот товар за оваа низа го креираа стручњаци од „АЕРОНОВА“, Денис Филипов и Артјом Лобахин, а беше тестиран при лансирања изведени со тимот на воздухопловната лабораторија „Стратонавтика“.

Им честитаме на сите учесници во овој проект! Ова е добар почеток за „АЕРОНОВА“ на полето на развој и технологија, математички модели и носивост на стратосферските системи. Освен тоа, ги израдувавме сите дизајнери на воздушни бродови во Русија така што им покажавме дека луѓето навистина се заинтересирани за аеронаутиката и за развој на овие технологии: тоа го докажува фактот што мнозина го поддржуваат проектот со охрабрувачки зборови, но и со своите финансиски средства. Одлично! Стратосферскиот балон за долг лет е спремен за лансирање.

Поддржете го проектот

Исто така прочитајте

Вклучете се во директниот пренос!

Да ги сумираме резултатите од годината со раководството на SOLARGROUP

18 декември 2024

Како да се инвестира со максимални поволности до крајот на фаза 19?

Дознајте нешто повеќе за тековните промоции во проектот

17 декември 2024