24 февруари 2025
Успешен почеток на SOLARGROUP во Србија!
24 февруари 2025
На 22 февруари, во Суботица се одржа првата конференција посветена на проектите на SOLARGROUP во Србија. Во главната сала на универзитетот се собраа 118 учесници. Меѓу нив имаше професори од економскиот факултет, инвеститори и партнери на SOLARGROUP. Навистина одличен одзив на првиот ваков настан во земјата!
Водечките партнери на компанијата, Александар Паниќ, Сретен Додеровиќ и Оливер Џениќ, ги запознаа присутните со напредни руски технологии и со можностите за инвестирање во нив. Главните теми за кои се зборуваше беа покренувањето на новиот проект „Цепелини од новата генерација“ и завршната фаза на проектот „Моторите на Дујунов“.
Учесниците на конференцијата покажаа активен интерес за финансирањето на проектот поврзан со изградбата на инженерскиот центар „Совелмаш“ и за почетокот на интерната берза, и изразија желба да се регистрираат за идни вакви настани на SOLARGROUP.
Развојот на проектите на SOLARGROUP во Србија зазема сѐ поголем замав.
До денес, својата поддршка ни ја дадоа 241 инвеститор и 84 активни партнери од оваа земја. Вкупниот износ на инвестиции досега е 366.276 $.
Дали би сакале да дознаете нешто повеќе за нашите проекти и можностите за инвестирање? Разгледајте го Прегледот на проектите.
Исто така прочитајте
Раководството на SOLARGROUP за првпат се сретна со инвеститори и партнери од Того
Прочитајте ги деталите
12 декември 2025
Резиме на неделата во проектот «Моторите на Дујунов»
Дознајте ги клучните новости за развојот на проектот
7 декември 2025
Вашата удобност и безбедност — наш приоритет
Дознајте детали за функционирањето на корисничкиот профил
3 декември 2025