25 март 2025

Преглед на клучните фази, на резултатите и инженерските решенија поврзани со мисијата на долготрајната стратосферска пловидба

25 март 2025

На 15 март 2025 год., во 18:04 часот по локално време, успешно беше лансиран стратосферскиот балон од полигонот во Киржач. Леталото го заврши автономниот лет со времетраење од 84 часа, при што помина растојание од над 10.000 километри со просечна брзина од 120 км/ч (најголема брзина – 196 км/ч).

Фази на мисијата и анализа на податоци:
1. Лансирање и ноќна сесија
По вечерното лансирање, немаше никаква комуникација во склад со програмираниот режим на заштеда на енергија: преносот на податоци беше активиран само со доволна инсолација на соларните панели.

2. Постигнување на зацртаната височина
Во текот на првата дневна сесија, беше потврдено искачувањето на пресметаната височина. Сите системи работеа нормално, влучувајќи ја и автоматската стабилизација на пловноста.

3. Корекција на патеката над Јакутија
За време на вториот ден од летот, беше регистрирано отстапување од курсот кон Северниот Пол. Меѓутоа, при поминувањето над Лаптевското Море, наглиот пад на температурата на околината предизвика контракција на потисниот гас, што доведе до непланирано намалување на височината.

4. Аномалии во арктичкиот регион
Отстапувањето од предвидената траекторија е поврзано со промените на правецот на висинските атмосферски струења. На подрачјето на Гренланд, леталото повторно се искачи на поголема височина надминувајќи ги пресметаните параметри бидејќи наиде на силни вертикални струења кога наближи до Исланд.

Главни резултати од мисијата:
• Беше потврдена ефикасноста на дизајнот на автономната обвивка без никаков губиток на гас.
• Беа верифицирани математичките модели на динамика на летот под стратосферските струења.
• Успешно беше тестиран системот со прилагодлив баласт кој ги компензира променливите дневни температури.
• Беше прикажана можноста за долготрајна пловидба (повеќе од 3 дена) при што беше задржана функционалноста на сите системи на леталото.

Изгледи за понатамошен развој:
Следните лансирања ќе се фокусираат на реплицирање на развиените решенија со интеграција на модернизирани системи за контрола на пловноста и навигацијата. Добиените податоци ќе претставуваат основа за проектирање на стратосферски платформи од новата генерација за научни и комерцијални цели.

Запознајте се со техничките детали на проектот.

Тимот на проектот им благодари на колегите за нивната поддршка и ги повикува на стручна расправа за резултатите во коментарите.

За проектот

Исто така прочитајте