13 ноември 2023
Вашиот „Тим“ е структуриран | Ажурирања во бек-офисот
13 ноември 2023
Сега е уште полесно да се води партнерски бизнис. Го ажуриравме делот „Тим“ во бек-офисот земајќи ги предвид најчестите барања на нашите активни партнери.
Што е ново во овој дел?
• Означување со боја на корисниците од Вашиот список. Доделете различни бои и дајте им различни имиња на групите. На пример, направете го тоа според следните карактеристики: повикан, не се јавил, итн. Тоа ќе Ви овозможи брзо и лесно да работите со клиентите.
• Статусот на верификација и потврда на податоците во табелата. Сега можете веднаш да видите информации за секој клиент во нивниот профил — дали ја комплетирале верификацијата и дали ги потврдиле своите податоци за контакт.
• Напредокот на корисникот кон следниот статус. Ако клиентот го има потпишано договорот за партнерство, веднаш може да го видите неговиот статус и напредок — има индикатор околу профилната слика на клиентот и детални информации во профилот.
• Картичка со информации за клиентот. Профилот на клиентот сега ги содржи сите информации за него: неговото државјанство, јазик, контакти, лице што го поканило, статистика за неговата структура, инвестиции, итн.
• Покани во одделна табела. Сега има посебна табела за корисници што сè уште не го потврдиле имејлот со поканата. И не мора рачно да ги избирате.
Освен тоа, веќе не мора да извршувате непотребни дејства. На пример, сега само со едно кликнување можете да копирате телефонски број и имејл. И може да додадете белешки со едно кликнување.
Прочитајте нешто повеќе во делот „База на знаење“.
Додадовме и режим на цел екран.
Вашиот тим сега е структуриран! Работата нека Ви причинува задоволство и уживање.
Исто така прочитајте
Привлечете големи партнери и зајакнете го Вашиот тим со вештината „Лов“
Во бек-офисот е достапна нова можност
5 мај 2025
Цепелинот NOVA-2: работна средба на тимот на „АЕРОНОВА“
Најнови вести од канцеларијата
29 април 2025
Резултати од седмицата во проектот „Моторите на Дујунов“
Дознајте ги клучните новости за развојот на проектот
27 април 2025