14 ноември 2023

Изградба на Бирото „Совелмаш“: прелиминарни резултати

14 ноември 2023

Речиси пред 3 години, во декември 2020 год., започна изградбата на Бирото за проектирање и инженеринг „Совелмаш“. Сега изградбата е во завршна фаза, и сакаме да ги сумираме прелиминарните резултати и да кажеме што уште треба да се направи за да се доврши изградбата.

Кои работи се завршени?

Во првите 2 години од изградбата, беше завршена термалната обвивка на зградата. Во ова спаѓаше положувањето на темелите, металната конструкција, ѕидовите, покривот, прозорците, вратите и меѓукатните плочи.

Резултатите од првите 2 години од изградбата ги сумиравме овде. Прегледајте ги за да направите споредба и да ја видите динамиката.

Третата година главно беше посветена на комуналните мрежи, како и на уредувањето на теренот и на ентериерот, и на пуштањето во употреба на технолошката опрема.

Работите зе завршени во следниов обем:

• санитарна канализација —100%,
• атмосферска канализација —100%,
• противпожарен систем — 99%,
• систем за греење — 90%,
• систем за вентилација — 20%,
• отстранување на чад — 20%,
• снабдување со ладна вода — 1%.

Кабелот за Интернет е доведен до зградата и поврзан со канцелариите. Подготвеноста на електричната мрежа варира од локација до локација.

На подрачјето на „Совелмаш“ е довршен цевоводот за ладна вода и затрупани се рововите. Преостанува да се доврши другиот приклучок на подрачјето на Технополис — со тоа ќе биде завршена работата на надворешните мрежи.

Главниот дел од работата поврзана со уредувањето на теренот е завршен. 90% од горниот слој на почвата е засипан, поголемиот дел од тревникот е засеан и сите грмушки се посадени. Се прават подготовки за излевање на завршниот слој на асфалтот. Целокупното осветлување на локацијата е поставено и пуштено во употреба.

Во полн ек е внатрешното уредување на канцелариите и на административната зграда, и преостанува да се заврши помалку од половина од работата.

Кои работи уште треба да се завршат?

Освен горенаведените задачи кои треба да се довршат, некои допрва треба да се почнат. Треба да се заврши работата на вториот кат од производствената зграда, и да се подигнат штитови за бучава околу клима-уредите, како и на границата со парцелата на градинарската задруга.

Сите овие работи мора да се привршат што е можно побрзо за да може изградбата на „Совелмаш“ да биде довршена во рокот што го одобри посебната економска зона „Технополис Москва“.

Брзината на изградбата на Бирото во потполност зависи од темпото на финансирање. За да се забрза, покренавме лотарија со награди во облик на инвестициски удели и електрични возила. Успехот на проектот и Вашата лична корист сега зависи од Вашата активност!

ИНВЕСТИРАЈТЕ

Исто така прочитајте